ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Со изградбата на браната Конско решаваме важен проблем за гевгелиските земјоделци, но и отвораме можности за чиста вода за пиење

June 20, 2020 19:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Секогаш им симнувам капа на земјоделците. Земјоделството е исклучително благородна, достоинствена и крајно корисна работа. Колку само грижа, труд и посветеност вложува еден земјоделец во секое зрно семе за да роди здрав плод, кој потоа ќе го ужива некој човек на својата трпеза. Има ли похумано нешто од тоа?Токму затоа секој труд да се помогне на земјоделството е труд кој не е залуден. Напротив! Добредојден е и потребен, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ во Конско.

„Големо е денеска задоволството да бидам овде заедно со претседателот Зоран Заев, и да се увериме дека најголемиот инфаструктурен проект во овој регион за изминативе 50 години, се одвива со одлично темпо.

Пред неполни две години, јас како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и господинот Заев како премиер во Владата, бевме овде и го означивме почетокот на изградбата на браната Конско, капитален проект кој значи решавање на проблемот со наводнувањето на земјоделските површини, најголемиот проблем на земјоделците од овој регион.

Завршени се 60 проценти од проектот и до крајот на оваа година се очекува комплетно да заврши изградбата на браната.
Решаваме многу важен проблем на гевгелиските земјоделци, но истовремено создаваме услов за развој и за напредок, со оглед на тоа што ни се создаваат можности и за подобрување на водата за пиење, но и за нови извори на електрична енергија.

Создаваме услови нашите земјоделци да бидат конкурентни на европските и светските пазари, бидејќи ќе имаат пониски производствени трошоци, ќе имаат навремено снабдување со вода за наводнување во текот на сезоната, што многу ќе придонесе за зголемување на производството и конкурентноста.

Преку оваа брана обезбедуваме вода за наводнување на 8.000 хектари плодни земјоделски површини од овој регион. Сегашната површина е само 1.500 хектари. 6 и пол илјади хектари повеќе земја!

Направивме многу за земјоделството за кратко време и горд сум на тоа. Но можеме уште повеќе и можеме уште подобро. Во новиот мандат имаме големи планови за македонското земјоделство.

Нафтата што се користи за земјоделска механизација ќе биде 100% покриена од државата како поддршка за земјоделците. 100% покриена зелена нафта!

Земјоделците годишно ќе добиваат 200 милиони евра за нивната дејност и за рурален развој, а во руралните средини ќе ги подржиме микро и малите претпријатија со по 10.000 евра за нивно развивање.

Мораме да одиме напред. Во големото друштво на Европската Унија мора да си го најдеме нашето место. А земјоделството е една од гранките што носи такви предности. Она што ќе не направи достојни за тоа друштво и она што ќе ни даде вредност, ќе не направи различни.

Затоа добива, и допрва ќе го добива вниманието што го заслужува од нашата влада.

Придобивките од браната Конско ќе се видат и надвор од земјоделството. Капацитетите е бидат искористени и за редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за производство на електрична енергија, но и обезбедена вода за дотур за спас на Дојранското езеро.

Овој нов капацитет ја зголемува и рекреативната понуда во гевгелиско – валандовскиот крај. Се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива вода на Кожув. Гевгеличани на само 20 километри од градот ќе имаат одличен простор за дружење и рекреација.

Убавите работи се за човек да им се израдува. Да прослави. Да наздрави.

Со членството во НАТО и преговорите со ЕУ ни следат уште многу убави работи и плодни години.

Ќе одиме напред. Можеме!“, изјави Николовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

фото: МИА

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

June 18, 2025

(ВИДЕО) Анастасија и Трн.мк со ‘Хаотична’ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

June 18, 2025

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk