ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Проектот за наводнување на јужната долина на Вардар значаен за развој на земјоделството

June 20, 2020 14:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска направија увид во градежните работи на втората фаза од проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар.

-Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар е од витално значење за валандовскиот регион. Со реализација на овој проект, земјоделците ќе имаат драстично намалување на трошоците за вода. Ќе се обезбеди навремено и квалитетно наводнување на нови 2.150 хектари земјоделска површина. Тоа се сериозни придобивки ако се знае дека сегашниот систем за наводнување е дотраен, а земјоделците имаат загуби во своето земјоделско производство. Се уверивме дека реализацијата се спроведува според утврдена динамика и до сега оствареното ветува дека проектот ќе биде завршен во мај 2021 година како што беше и планирано, истакна премиерот Спасовски.

Тој потенцира дека водата, како природно национално богатство, е од приоритетно значење за секој од нас. Без правилно управување со водни ресурси, без современи системи за наводнување не може да се говори за развиено земјоделство.

-Затоа, заедно со МЗШВ интензивно се спроведуваат проекти за изградба и реконструкција на современи системи за наводнување. Програмата за наводнување на јужна долина на Вардар втора фаза како капитална инвестиција во земјоделството ќе значаен придонес за создавање на модерно и европско земјоделство. Овој проект е вреден над 24,3 милиони евра. Инвестиција, која го прави македонското земјоделство конкурентно со услови за порентабилно производство за земјоделците, за подобар живот на населението од целиот валандовски регион. Земјоделството е еден од носечките столбови за развој на вкупната економија овде во овој наш југоисточен регион. Владата посветува посебно внимание на политиките кои ги спроведуваме во овој сектор со посебен акцент на развојни мерки и проекти, како и на нови инвестиции кои ќе придонесат кон забрзан раст на оваа стратешка економска гранка во нашата земја, истакна Спасовски.

Премиерот рече дека посетата на регионот ќе ја завршат со увид на градежните работи на три инфраструктурни објекти на локалната патна мрежа кои се дел од програмата на Владата за финансиска поддршка на локалната самоуправа преточени во договори со 80 општини во коишто се реализира над 200 проекти, вредни над 38 милиони евра.

-Ветеното се остварува, договореното се исполнува, тоа го потврдуваат завршните работи на трите проекти за коишто општина Валандово доби финансиска поддршка од Владата, рече Спасовски.

Министерот Димковски истакна дека досегашната успешна реализација на проектот за наводнување на јужновардарската долина на реката Вардар е уште еден показател за заложбата на Владата за капиталните инвестиции во земјоделството.

-Овој проект предвидува рехабилитација и модернизација на инфраструктурата за наводнување на системот за наводнување во Валандово кој се наоѓа на јужниот дел од реката Вардар. Изградбата на овој систем за наводнување се одвива според предвидената динамика. Досега се изградени над 75 проценти од дистрибутивните мрежи, завршени се подготвителните работи на главниот цевковод.

Димковски истакна дека вкупна вредност на проектот е 24,3 милиони евра од кои 30 отсто се обезбедени од буџетот на МЗШВ а останатите 70 проценти се од германската развојна банка во форма на грант и на заем по поволни услови.

-Континуираната реализација на капиталните инвестиции во земјоделството е важна за покренување токму на овој сектор за зголемено и одржливо земјоделство особено во оваа вонредна состојба во којашто се наоѓа нашата држава поради коронавирусот, рече Димковски.

Тој информира дека во завршна фаза се трите инфраструктурни објекти и тоа во населеното место Горна Мала, Удово и селото Бајрам мост.

-Преку овие проекти ќе се обезбеди солидна комунална и патна инфраструктура во и надвор од руралните населени места што ќе придонесе за подобрување на условите за живот на граѓаните, подвлече министерот за земјоделство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

На „Отворени финансии“ ќе се следат сите исплати на општините и нивните буџетски институции

НАЈНОВО

Сирија и курдските сили постигнаа сеопфатно примирје на северот

October 7, 2025
Фото: Фронтлајн

Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

October 7, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk