Заменик претседателката на Владата задолжена за економски прашања и за координација со економските ресори, Мила Царовска на својот профил на Фејсбук објави за капиталните инвестиции во патната инфраструктура кои и покрај пандемијата се одвиваат со забрзано тепмо, притоа и со придржување кон сите заштитни мерки и најави дека покрај досега инвестираните 1 милјарда евра, најавени се уште 2 милјарди во наредните неколку години.
Градиме низ целата држава, низ сите региони. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика.
Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. На овој начин и помагаме на економијата во многу важен период.
Досега инвестиравме речиси една милијарда евра во изградба и реконструкција на патната инфаструктура, а во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години, напиша вицерпемиерката Царовска на Фејсбук.
А. Н. С.