Скопје годинава ќе биде еден од 12-те градови кои ќе го одбележат Европскиот ден на музиката (European music day), при што ќе бидат емитувани онлајн концерти и настапи од голем број светски изведувачи. Вечерва ќе настапат Фолтин и музичкиот настан ќе бидат емитуван низ светот преку дигиталните канали и профили на организаторот (Асоцијацијата Европскиот ден на музиката – European Music Day Association).
Главен организатор на 21-то издание на мацифестацијата „Европски ден на музиката“ е Атина, која во оваа манифестација ќе учествува заедно со 26 други грчки општини, каде што ќе бидат емитувани концерти во живо или специјално снимени за оваа манифестација. Со свои концерти во оваа манифестација годинава се вклучуваат и градовите Скопје, Берлин, Будимпешта, Букурешт, Краков, Истанбул, Манчестер, Милано, Љубљана, Лисабон и Прага.
Ова е уште една голема меѓународна културна манифестација во која Град Скопје и МКЦ земаат учество. За потсетување, Град Скопје поднесе кандидатура за титулата на Европската комисија „Европска престолнина на културата“ во 2028 година.