Денес Град Скопје на својата официјална Фејсбук страна соопшти дека се отстранети рекламните објекти од тротоарите на Улица „Св. Кирил И Методиј“ кај ТЦ Рамстор.
Го ослободуваме јавниот простор за потребите на пешаците и на велосипедистите. Град Скопје ги отстрани ситилајтовите на улицата Св. Кирил и Методиј и овозможи непречено минување на овој дел од тротоарите, пишуваат на нивната Фејсбук страна.