ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Квалификациско тестирање за насока медицинска сестра во три средни училишта, во гимназијата „Орце Николов“ ќе нема приемен испит

June 21, 2020 12:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во скопската гимназија „Орце Николов“ утре нема да се полага квалификациско тестирање како што претходно беше најавено поради поголем број пријавени ученици со ист број бодови од предвидените места во Конкурсот.

На својата веб-страница гимназијата објави дека тестирањето нема да се одржи откако МОН одобрило четврта билингвална англиска паралелка, а и за да се заштити здравјето на учениците.

– По одлуката на МОН за одобрување 4-та билингвална англиска паралелка, а во насока за зачувување на заедничката безбедност и здравје, следејќи ги препораките на Владата и на СЗО, квалификациското тестирање за билингвална англиска паралелка нема да се одржи, објавено е на веб-страницата на училиштето.

Како што од МОН соопштија во петокот за МИА, во оваа скопска гимназија беше предвидено квалификациско тестирање за билингвална настава на англиски јазик, по предметот англиски јазик. Биле пријавени 145 ученици со максимални 75 бода, а  според Конкурсот треба да се примат 136.

Тоа предизвика реакции во некои од останатите три средни училишта со здравствена струка каде што за насоката медицинска сестра се пријавиле повеќе ученици со ист број бодови. Утре од 10 часот за тие кандидати ќе има квалификациски тестови и од резултатите ќе зависи конечната листа за прием на ученици во прва година во 2020/2021.

Се работи за СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за медицинска сестра на настава на албански јазик, каде што се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број бодови се пријавени 166 ученици.

Во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, слободни се 34 места односно една паралелка, а со исти бодови се пријавени 39 ученици, како и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максимални (75) бодови.

Учениците што се пријавиле за оваа насока во овие три училишта утре ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија на јазикот на кој тие  ја следеле наставата во основното училиште.

Тестовите ги изработува Бирото за развој на образованието, а комисијата за организирање на квалификациското тестирање е формирана од членови на МОН, БРО и наставници од самите училишта.

Средните училишта во петокот по 15 часот ги објавија ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок кое беше спроведено на 16, 17 и 18 јуни. Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира

July 18, 2025

Ројтерс: Руските сили ја презедоа контролата врз три украински села низ повеќе региони

July 18, 2025

Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk