ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Мерките против Ковид-19 се добри, но дел од општеството потфрли во нивната примена

June 21, 2020 11:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На ниво на системски решенија, мерките против пандемијата на корнавирусот во нашата држава не се разликуваа многу од непосредното опкружување, ниту од другите држави во светот, но мслам дека делови од Владата со селективната примена на мерките, прописите и законите во однос на верските заедници, дополнително придонесоа да се шири Ковид-19, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој потенцира дека јадрото на мерките против ширењето на вирусот беа изготвени врз основа на препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

– Значи мерките беа тие, но во делот на примената на мерките ние потфрливме, како држава зборувам, но тоа не е потфрлање на Владата во целина, тоа е потфрлање на некои важни сегменти од општеството и се разбира потфрлање на дел од граѓаните кои се уште не се свесни дека тие мерки мора да се применуваат, тоа е единствен начин за превенција на оваа зараза, истакнува шефот на државата.

Според него, при тоа, не можете да се исклучат од одговорност и клучните верски лидери или поодделни регионални верски лидери и во ИВЗ и во МПЦ, кои постапија комплетно неодговорно кон сопственото здравје и здравјето на верниците, меѓудругото, кога повикуваа на чествување или следење на тие црковни или верски протоколи без комплетно почитување на препораките.

Во врска со прогласената вонредна состојба, тој истакнува дека во дел од од јавноста, дел свесно, дел несвесно, имало недоразбирање околу толкувањето на оваа, како што вели, „навистина уникатна ситуација“.

– Бројката на заразени, не е небитна од човечки аспект, и на починати се разбира, меѓутоа јас со вонредната состојба дозволив Владата да владее во време кога нема Парламент, значи Владата во исто време да биде и Парламент, да носи закони, и Влада – да ги имплементира законите. И во таа ситуација логично е дека вие давате да може да владеете од политички причини вонредна состојба. Не давате заради бројката на заболени. Сега јас не велам дека има помалку, дека короната е под контрола, меѓутоа велам дека сега Владата ме информира писмено дека има доволно залихи дури до крајот на годината, финансиски и други ресурси да се спротивстави на короната, вели претседателот Пендаровски.

Во врска со подгревањето на националистичките тензии во предизборието, Пендаровски нагласува оти смета дека национализмот не игра битна или доминанта улога пред избори, ниту има пресудно значење за тоа кој ќе биде изборен победник.

– Ваквите одредени изблици на национализам мене ми се чини дека се свесно медиумски насочени за да постигнат ефекти кај таргетиран дел од популацијата, вели претседтелот на Републиката, истакнувајќи дека национализмот го поттикнуваат политичките партии кои учествуваат на изборите и сакаат да направат резултат и сметаат дека нивниот партиски електорат сака тоа да го чуе.

Околу идејата на ДУИ за „премиер Албанец“, Пендаровски нагласува дека нема никаква уставна, политичка или законска пречка премиер на државата да биде Албанец.

– Не навлегувам во тоа кои се нивните партиски мотиви, јасни ми се, меѓутоа не гледам никаква пречка да го истакнат тоа како свое политичко барање пред нивните идни потенцијални партнери во идната влада, ако бидат во таква ситуација. Она што јас сакам да го кажам во тој контекст дека досега владејачката партија, односно претседателот на најголемата партија во владејачкото мнозинство секојпат со два мали исклучоци бил и премиер. Премиерот, според нашата поставеност на политичкиот систем, е најмоќната политичка фигура, тоа го знаеме сите, додава шефот на државата.

Во врска со преговорите за членство со ЕУ и можноста за вето од страна на Бугарија на овој процес, Пендаровски истакнува дека не очекува таков потег од страна на Софија.

– Мислам дека Бугарија ја има научено лекцијата од претходните децении, во смисла дека можеше да биде многу покрупен регионален играч, геополитички и геоекономски, а тоа не го направи и не треба да влезе во матриците на 19 и 20 век. Мислам дека нема да влезе комплетната бугарска политичка елита, бидејќи ќе сака во нашата држава да биде присутна на поинаков начин, повеќе и на поинаков начин, не со блокади и со вета, и мислам дека е добро да погледаат во примерот со Грција. После Преспанскиот договор Грција неспорно се позиционира како клучниот регионален играч на кој години и децении наназад му беше оневозможен пристапот од оваа јужна страна кон Европа, бидејќи имавме спор кој траеше, истакнува претседателот Пендаровски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бујар Османи „сам себе убијал“ дури и со вмровска анкета

НАЈНОВО

Костова: Штипјани остануваат без вода поради расипништвото и немарноста на ВМРО-ДПМНЕ

August 5, 2025
Instagram/Akimbo

Уличниот стил се редефинира со дуксерот “Watch-Peeker”

August 5, 2025
ФБ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што скандирате бе луѓе, што премолчувате?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трибините – огледало на политиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk