Град Скопје на својот Фејсбук профил ја промовираше „Незадолжително“ со Берта Додевска, првиот дел „Сонувачи“.
„Еден град не е само место во просторот. Тој е настан, драма во времето. Може ли да го погледнеме градот со очи на странец, со возбудата на откривањето? Почнуваме од Скопското кале, оној некогаш град меѓу градовите или покривот на градот Скопје“, се вели во најавата.