Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во посета на источниот дел од државата, каде интензивно се работи на неколку патишта за поврзување на еден од инфраструктурно најзапоставените делови, најави дека се работи на поголема домашна патна поврзаност, но и со соседите.
Се реконструира целиот Коридор 8, целосно се обновува патната мрежа што нѐ поврзува со Република Бугарија. Република Северна Македонија се поврзува и внатрешно и кон соседните земји.
За една година граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа, што ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од двете земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите.
Кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот не ги попречи капиталните инвестиции. Напротив, имаме забрзано темпо на изградба. Можеме уште повеќе и уште подобро да ја градиме и развиваме нашата убава земја, напиша во пост на Фејсбук претседателот на СДСМ, Заев.