ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски-Koja: Создаваме услови за спроведување безбеден изборен процес, во кој граѓаните ќе го остварат своето право на глас и на избор

June 23, 2020 15:53
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Оливер Спасовски го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во нашата земја амбасадорот Клеменс Која кој се интересираше за подготовките за организирање и спроведување на парламентарните избори на 15 јули.

Спасовски во разговорот со амбасадорот Која се заблагодари за соработката со мисијата на ОБСЕ во Скопје и за поддршката на реформите, во прв ред за реформите во полицијата, правосудството, заштита на човекови и малцински права, како и во образованието, и истакна дека таа соработка во наредниот период до изборите ќе дојде до израз и во комуникацијата со специјална изборна оценска мисија за набљудување на предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020, како особено важно за довербата, кредибилитетот, и транспарентноста на изборниот процес.
Премиерот, како што соопшти владината прес-служба, истакна дека Владата веќе ја започнала интензивната комуникација со надлежните институции за спроведување на изборите, во прв план со Државната изборна комисија и со Државната комисија за спречување на корупцијата, и додаде дека за изборите, власта и опозицијата имаат заедничка одговорност, имајќи предвид дека опозицијата има клучна улога и одговорност заради раководењето со МВР како институција од исклучително значење за изборниот процес.
На средбата со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, премиерот Спасовски потенцираше дека Владата ќе ги обезбеди сите неопходни услови за спроведување безбеден изборен процес од здравствен аспект во кои граѓаните ќе го остварат своето право на глас и на избор во фер и демократска атмосфера.
Амбасадорот Клеменс Која на средбата истакна дека во услови на пандемија со КОВИД-19, ОДИХР во кус рок ја организираше и веќе ја размести Специјалната изборна оценувачка мисија за предвремените парламентари избори. Тој додаде дека мисијата ќе ги набљудува сите аспекти на процесот и изрази уверување дека и со овој формат мисијата ќе ја изврши својата мисија квалитетно и ефикасно во функција на кредибилно мониторирање на изборниот процес.
Next Post

Царовска и Шкријељ во Охрид: Пензиите се сигурни, исплатите се редовни

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk