Игор Јанушев, носителот на листа во ИЕ 3 од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните вонредни парламентарни избори, денеска со панихида во сослужение на свештеници од Епархијата Повардарска во црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес ја започна предизборната кампања.
Тој рече дека за време на целата кампања цело време ќе бидат меѓу народот за да може што подобро да се претстават со програмата „Проект обнова“.
Во одговор на новинарско прашање, Јанушев рече дека не очекува фер и демократска кампања.
Ј. Ѓ.