Владата предводена од СДСМ интензивно вложува во Куманово и ја исправа долгогодишната неправда кон најголемата општина во државата и наследениот хаос од неплански и недомаќински однос за градба на патишта и со дополнителни трошоци за санирање на штетите, напиша Спасовски во пост на Фејсбук.
По 40 години рехабилитирани патишта во должина од 112 км: Куманово-Опае, Куманово – Никуштак, Куманово – Свети Николе, Младо Нагоричане граничен премин Пелинце, Куманово – Страцин и Ропалце – Матејче – Липково.
Во три години со сосема спротивен пристап од тоа што го имавме 11 години, со домаќински, чесен и одговорен, европски пристап инвестираме во најнеопходните работи за современа држава – инфраструктура за сите, напиша во пост на Фејсбук носителот на листата на ИЕ 2, Оливер Спасовски.