При денешниот увид во градежните работи на регионалниот пат Кривогаштани, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна дека само за тој регион биле обезбедени над 577 илјади евра за реконструкиции на локални патишта и најави дека годинава започнува и санацијата на патот од Кривогаштани до Крушево.
Обезбедивме преку 577 илјади евра за реконструкција и санација на локални патишта и улици во Кривогаштани, а годинава започнуваме и со рехабилитација на регионалниот пат од Кривогаштани до Крушево.
За овие и други проекти што се реализираат во општината денеска разговаравме со градоначалникот, со цел заеднички да работиме за да овозможиме развој на општината и подобар живот за жителите на Кривогаштани, вели министерот за транспорт и врски Сугарески.
А. Н. С.