Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на средба со граѓани во паркот Ибни Пајко во Скопје , ја истакна европската перспектива на земјата со помош на младите, најави реконструкција на сите студентски домови до крајот на 2024 и отворање на младински центри за поголемо учество на младите во креирањето политики.
Младите се креатори на нашата македонска и европска иднина. Заедно градиме општество на еднакви шанси и можности за сите.
Подготвивме понуда креирана со млади луѓе кои сакаат својата иднина тука да ја гледаат.
До 2024 година ќе ги реконструираме сите студентски домови и двојно ќе го подобриме квалитетот на исхраната.
Отвораме младински центри во сите 80 општини, за уште поголемо учество на младите во носењето одлуки и креирањето политики.
Но она што е најважно за вас младите – обезбедуваме европски стандарди дома. Со членството во НАТО и со отворањето на поглавјата со ЕУ, ја носиме Европа дома, обезбедуваме еднакви услови, какви што имаат вашите врсници во западниот свет, напиша Заев на Фејсбук.
А. Н. С.