Општата болница во Гевгелија одлично се менаџира во услови на коронавирус. Сите колеги се на висина на задачата! Тука нема ниту еден случај на заболен од ковид-19 меѓу вработените и имаат добар протокол за работа. Во изминатите две и пол години, реализиравме повеќе инвестиции во оваа установа, напиша министерот за здравство Венко Филипче по посетата во болницата.
✅ Реконструкција и проширување на Дијабет центарот во современ центар кој ги задоволува потребите на граѓаните.
✅ Целосна реконструкција на биохемиската лабораторија во современа лабораторија со високи стандарди, изградена е нова болничка аптека.
✅ Реконструирани и обновени амбулантите за неврологија и ортопедија со урологија, невропсихијатриско одделение, како и болничките соби во физикална терапија.
✅ Во тек е изградбата на нова хирушка сала.