Со отворањето на поглавјата за интеграција во ЕУ, се отвораат нови европски фондови од кои во следните години обезбедуваме 2,5 милијарди евра, напиша во пост на Фејсбук претседателот на СДСМ и носител на листата во ИЕ 4, Зоран Заев.
Тоа значи повеќе пари за справување со корона-кризата, повеќе пари за новата македонска економија, за зелената агенда, за капитални инвестиции, за земјоделство, за канализации, патишта и водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома, во нашата татковина.
Подготвени сме, знаеме и можеме, со новата Влада предводена од СДСМ до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, истакнува Заев во постот.
А. Н. С.