ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски крши закони и бега од правдата

Дури и советникот на Наќе Чулев, Љупчо Андоновски кој заедно со Мицкоски ги кршел забраните се обиде да го извади својот шеф, преземајќи целосна одговорност, со што влезе во улогата на возачот на Диме Спасов.

June 29, 2020 14:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Социјалдемократскиот сојуз излезе со писмена реакција на својата официјална страна за непојавувањето на Христијан Мицкоски на информативен разговор кој требал утрово да го даде во Полициска станица Центар, во врска со неодамнешната случка кога од инспектори на Пазарниот инспекторат беше затекнат во затворен дел на ресторан.

Христијан Мицкоски денеска покажа дека свесно и намерно ги крши забраните заради заштита од коронавирусот, но и дека свесно и намерно бега од правдата.
Неговото денешно непојавување во полициска станица за случајот со неговото кршење на мерките и седење во затворен дел од ресторан кој не смеел да работи е непочитување на институциите, законите и обид за бегство од одговорност.
Дури и советникот на Наќе Чулев, Љупчо Андоновски кој заедно со Мицкоски ги кршел забраните се обиде да го извади својот шеф, преземајќи целосна одговорност, со што влезе во улогата на возачот на Диме Спасов.
Режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ на дело. Шеф на опозициска партија и советник во кабинет на министерот за внатрешни работи прекршуваа забрани, а денеска на секој начин се обидуваат да избегаат од одговорност за тоа.
Во стилот на неговиот ментор од Будимпешта, Никола Груевски, Мицкоски крши закони и бега од правдата, но одговорноста нема да избега, нема да го испере ниту советникот на Чулев, Андоновски.
Мицкоски мора да понесе одговорност за прекршувањата на мерките и забраните, мора да има одговорност за тоа што свесно и намерно го загрозува јавното здравје додека сите капацитети се ставени во борба против коронавирусот, стои во реакцијата на СДСМ.
А. Н. С. 
Next Post

Филипче и Сугарески: На 1 и 2 јули Wizz Air ги отвора аеродромите во Скопје и Охрид

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

November 13, 2025
ФОТО: ФФМ

Летонија последна проверка за македонските фудбалери пред гостувањето во Кардиф

November 13, 2025
Фото: Македонски народен театар

Во МНТ премиера на претставата „Варвари“ во режија на Владимир Милчин

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk