ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ќе се отстрануваат две од трите галии во Вардар, не плаќаат кирија на Град Скопје

„Од утре престанува важноста на оваа уредба, по што во наредниот период ќе се постапи кон отстранување на бродовите од коритото на реката Вардар“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.

June 30, 2020 10:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје го раскина договорот за галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ односно бродот „Среќа“. По налог на градоначалникот Петре Шилегов, кој во моментов сѐ уште е на домашно лекување откако од пред десетина дена е позитивен на КОВИД-19, договорот е раскинат поради неплатена кирија за 4 месеци. Во март, исто така поради неплатена кирија е раскинат и договорот за галијата кај МЕПСО, објави САКАМДАКАЖАМ.

„Согласно одредбите од договорот ,доколку сопственикот на бродот не плати кирија за три месеци се овозможува активирање на банкарската гаранција и раскинување на договорот. Во овој случај фирмата ‘Сервис АД‘ нема платено кирија за 4 месеци. Со тоа уште еден брод од трите кои ги постави минатото раководство на Градот, а се пречка во течението на реката и при поголеми врнежи може да дојде до излевање и поплави, ќе биде отстранет“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Градоначалникот Шилегов на 9 март на прес-конфренција кажа дека го раскинува договорот со првиот брод кај МЕПСО, во сопственост на Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски. Шилегов тогаш потпиша решение со кое фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ се задолжува да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност.

„Ако за 30 дена сопственикот не ја отстрани галијата под МЕПСО, тоа ќе го направи Град Скопје“, кажа на прес-конфренцијата градоначалникот Шилегов.

Но, од овој рок поминаа 4 месеци, а првата галија сѐ уште стои во Вардар.

Од кабинетот на градоначалникот Шилегов велат дека не можеле да интервенираат поради владината уредба за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување до 30 јуни 2020 година.

„Од утре престанува важноста на оваа уредба, по што во наредниот период ќе се постапи кон отстранување на бродовите од коритото на реката Вардар“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.

Извор: САКАМДАКАЖАМ

Next Post

Поранешен американски полицаец призна 13 убиства и серија силувања

НАЈНОВО

Скриншот

Експлозија со 54 повредени во Џакарта

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Бројот на жртви од пожарот во Тузла се искачи на 13

November 7, 2025

Намалени домашните летови во САД поради затворање на Владата

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk