Нашата политика, нашиот концепт едно општество за сите значи еднакви граѓани и тоа го покажавме на дело, рече Манчевски во Утрински Брифинг.
Немавме проблем со проширување на опсегот на користење и на албанскиот и другите јазици, во секојдневната употреба на граѓаните од таа етничка заедница. Денес секој граѓанин од која било етничка заедница може да комуницира со институциите на својот мајчин јазик и да добие одговор на сопствениот мајчин јазик, истакна министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски.
Тој го посочи и носењето на Законот за употреба на јазиците со огромно мнозинство. Кампањата на ДУИ, темата и начинот е од некои поранешни времиња. Ова денес не се проблемите на албанската етничка заедница, тие се исти како на другите граѓани,владеење на правото, економијата. ДУИ ја промашија темата на кампањата. И после се што заедно направивме во оваа Влада, да се излезе со една ваква етно- центристичка кампања, мислам дека им е грешка, истакна Манчевски.
Тој посочи дека меѓуетничките односи не се појавуваат како проблем за граѓаните од било која етничка заедница. Различно е од тоа што беше порано. Главна задача на сите ќе ни биде да си направиме една внатрешна реформа, вели министерот во своето гостување во Утрински Брифинг.