„Не можете да го спасите Орце Камчев од „Имеприја“ колку и пари да сте му зеле, колку и да му должите, тоа треба да го знаете, секој ќе одговара во оваа држава, како сака нека се вика, секој во државата ќе одговара.“- му зборуваше Зоран Заев на Христијан Мицкоски на предизборниот телевизиски дуел на телевизија 24.
Заев уште подиректно посочи дека целата политика на ВМРО ДПМНЕ како опозиција е како да ја спречи правдата и како да се спасат криминалците околу Мицкоски.
„Трети луѓе може да кажат за Заев што сакаат, ние твојот глас го слушаме на снимките, ти зборуваш за заштита на криминалците, комплетно се бориш за предметите да не дојдат на дневен ред. Закани имаше до пратениците да не го гласаат законот за ЈО, за да не стигнеме до мнозинство од 80 пратеници, закон што е услов од ЕУ за да може да ја вратиме правната држава. Осумте пратеници, сите, од вас имаа притисоци да не гласаат за законот. Сте им велеле ВМРО ќе дојде на власт, немојте да го правите тоа. Со ваш глас на снимките кажувате дека вие сте единствен што се буни, што се бори против предметите од СЈО за да го заштитите криминалот, тоа го кажувате.“- потсети Заев на аудио снимките кои деновиве се објавија во јавноста и потврдија дека Мицкоски соработувал со Камчев и Кичеец со што се отвори дилемата дали и како лидерот на ВМРО ДПМНЕ е поврзан со случајот.