ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев од Радовиш: Нашата понуда нуди нова развојна економија, ВМРО-ДПМНЕ нуди обнова на режимот

June 30, 2020 17:13
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Радовиш ќе се сретна со претставници на бизнис секторот, со младите, со земјоделците, со спортистите со кои, како што најави ќе разговараат за понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ ја нуди за решенија за граѓаните.

– Понуда која носи нова развојна македонска економија, која ќе обезбеди нови инвестиции, работни места и повисоки плати за сите наши граѓани. Се обврзуваме за четири години да обезбедиме 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции, најмалку една милијада евра странски инвестици за четири години, инвестиции засновани на иновации и одржливост на бизнисните, рече Заев.

Тој најави продолжување на поддршката за инвеститорите за домашните и за странските компании во износ од 600 милиони евра и тоа 300 милиони евра од домашни средства и 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат пред нас само за реализација на нови инвестиции во државата.

– Мерките и политиките што ги носиме обезбедуваат дополнителен пад на невработеноста. Стапката на невработеност ќе ја намалиме по три отсто годишно, со цел во 2024 година стапката на невработеност да биде едноцифрена, изјави Заев во Радовиш.

Лидерот на СДСМ рече дека ќе покажат дека платите може да растат уште повеќе и оти нивна цел за 2024 година е просечна од 34.000 денари и минимална плата од 20.000 денари.

СДСМ и коалицијата, како што потенцираше тој, како одговорни продолжуваат да го реализираат концептот враќање на парите назад кај граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на режимот кога парите завршуваа во „белиот дворец“ и во нивни лични џебови.

– Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемената минимална плата, против покачувањето на пензиите и затоа нема дилеми. На 5 јули граѓаните ќе ја поддржат нашата коалиција која носи повеќе пари во семејствата, но нема да дозволат обнова на режимот кој само земаше од граѓаните, рече Заев во Радовиш.

Лидерот на СДСМ зборувајќи за нивната програма за земјоделството, кажа дека овој земјоделски регион но и индустриски регион, со незагадувачка индустрија, ќе биде заштитен, пред се, еколошки, платите ќе бидат зголемени како и понудата на работните места.

– Паралелно како растат платите ќе се качуваат и пензиите затоа што само со силна економија може државата да враќа назад кај своите граѓани, рече Заев.

Земјоделството, додаде тој, ќе се унапредува од секој можен свој аспект.

– Покажавме дека субвенциите се поголеми и стигаат кај вистинските индивидуални земјоделци, 30 милиони евра повеќе субвенции стигаат кај земјоделците отколку во периодот на режимот, истакна Заев.

Next Post

Македонски концепт предлага Закон за пратеници - волонтери

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk