ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Граѓаните од денес скенираат за три пати повеќе дневни награди преку МојДДВ #МојаНаграда

По извлекувањето на 4 јули, кога по старо ќе се доделат 15 награди од по 100.000 денари, останатите кола до крајот на годината, односно од август до декември месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

July 1, 2020 18:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните од денеска скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано преку МојДДВ #МојаНаграда. Како што соопшти Министерството за финансии, од денеска до крајот на годината секој ден ќе се доделуваат 30 награди по 1.000 денари.

Според Министерството, за да се поттикнат граѓаните да го дадат својот придонес во борбата против сивата економија, но и да се прилагоди #МојаНаграда на ситуацијата со КОВИД-19 кризата, 9,7 милиони денари од наградниот фонд ќе се насочат кон солидарните фондови на Министерството за здравство и Владата за здравствени и социо-економски мерки. Поради тоа, бројот на месечните награди ќе остане ист, но ќе се смали нивната вредност.

По извлекувањето на 4 јули, кога по старо ќе се доделат 15 награди од по 100.000 денари, останатите кола до крајот на годината, односно од август до декември месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

Извлекувањето на втората премија, како што беше и првично предвидено, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари, наместо 3.000.000 денари.

-Доделување на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија. Дополнително намалувањето на износите на месечните награди како и главната награда ќе овозможи сепак да продолжи наградната игра со поставените цели, но со помали износи на награди што пак ќе овозможи одвојување одредени средства за поддршка за Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, наведува Министерството според кое, граѓаните кои скенираат сметки и натаму ќе имаат трикратна корист – ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk