Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во своето гостување во емисијата „Отворено студио“ ја потенцираше важноста на успешниот „Преспански договор“ со Грција.
„Речиси сите основи каде Владата може да склучува меѓународни договори во име на Републиката се присутни во Преспанскиот договор. Второ Преспанскиот договор се разбира дека е ратификуван во согласност со Уставот, за него гласаа подоцна и со уставните измени 2/3 од пратениците во Собранието а го поддржаа близу 610 000 граѓани. Такво политичко мнозинство било која политичка опција на сегашниве избори да добие ќе може сама да формира Влада. Да биде успешен тој референдум, а никаде не вели дека треба да има референдум за да може ова да се направи и да се случи Преспанскиот и да се усвојат уставните амандмани нас ни фалеа „против“ затоа што тогаш некој реши и се пресмета дека гласовите „против“ ќе бидат помалку од гласовите „за“, рече Димитров во вечерашната емисија.
Тој претходно денеска на прес конференцијата во Владата, најави дека по усогласување на преговарачката рамка, следи првата меѓувладина конференција што е првиот чекор.
„Првото поглавје што ќе се отвори ќе биде за основни вредности, владеењето на правото, основните права, безбедноста и функционирањето на демократските институции и јавната администрација. Со нетрпение очекуваме да почне овој дијалог меѓу земјите членки. Да ни е со среќа“, рече Димитров на прес конференцијата во Владата.