ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССНМ: Новинарите и медиумските работници стравуваат од корона вирусот, но и од губење на работата

July 3, 2020 09:53
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата силно ја погоди медиумската индустрија во земјава. Новинарските куќи се принудени да носат тешки одлуки: Kој ќе остане, а кој ќе си оди? Новинарите, пак, се соочуваат со финансиски, психолошки, социјални, но и етички и професионални проблеми повеќе отколку пред пандемијата. Двајца медиумски работници досега ја загубија битката со коронавирусот, што покрај стравот за економско-социјалната безбедност го зголемува нивото на страв кај медиумските професионалци кои секојдневно при извршувањето на своите редовни работни задачи се ставаат во ризик од заразување, покажува истражувањето на Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) направено во јуни на репрезентативни 150 испитаници, вработени во различни медиуми.

Според истражувањето, на 62 отсто од медиумските работници овој начин на работа им влијае врз менталното здравје, на 17 проценти им била намалена платата, на 22 отсто сопствениците не им обезбедиле заштитна опрема, на 45 отсто им е потребна дополнителна заштитна опрема и сега и во следниот период, на 25 проценти најголем проблем при известувањето за КОВИД-19 им била намалената транспаренстност на институциите, додека на 48 отсто им е потребна психолошка поддршкa.

-Загрижува фактот што дури 30 отсто од анкетираните одговориле дека познаваат некој што останал без работа за време на корона пандемијата. Седумнаесет проценти од медиумските работници одговориле дека им била намалена платата. Помали плати пристигнале на трансакциските сметки кај дваесет и пет од анкетираните. На седуммина платата им била скратена за 30 проценти. Поради интервју со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски бев казнет со 15 проценти од плата еден месец. Ова е одговор на новинар кој бил казнет на своето работно место поради сработеното. Градоначалникот излезе позитивен, па потоа негативен на коронавирусот, а новинарот заработил небулозна казна за која речиси никој и не разбра. Причините останаа непознати, наведува Синдикатот.

ССНМ оценува дека најголемиот страв на сите граѓани го делат и медиумските работници. Губењето на изворот на егзистенција. Овој шок бил приреден на четворица медиумски работници кои останале без работа во најголемиот пик на пандемијата. Промените со коронавирусот се одразија на сите полиња. Четириесет и пет проценти oд испитаниците одговориле дека им е потребна заштитна опрема и сега и во следниот период, додека 22 посто дека сопствениците не им обезбедиле заштитна опрема, наведува ССНМ.

Медиумските работници се жалат и на намалување на квалитетот на животот. Дури 62 отсто во истражувањето одговориле дека овој начин на работа им влијае врз менталното здравје.

-Три месеци работам втора смена до 23 часот навечер за да готвам, чувам деца и да учам со нив додека дојде сопругот, вели една новинарка. Новинарите се во макотрпна битка во вителот на лажните вести, се троши последниот атом енергија за да се дојде до точни и навремени информации. Најчестите одговори на испитаниците во врска со транспарентноста на институциите се дека во текот на ковид кризата голем дел од прашањата до институциите останувале неодговорени. Дополнително, во обид да ги заштитат граѓаните од дезинформации, ја губат силата да се изборат во сопствениот “двор”. Се наѕира канонада од тешки удари врз работничките права. Насекаде. Новинарите веќе гласно бараат помош од синдикалната организација, истакнува Синдикатот.

Next Post

Oбјавени протоколите за спортски натпревари, музеи, галерии, за промотивни настани, и за меѓуградски превоз

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk