Министерот за здравство, Венко Филипче, во пост на Фејсбук сподели фотографии од целосно реновираната Клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје. Освен оваа клиника, подобрени се условите во уште 32 здравствени установи, напиша Филипче на Фејсбук.
За многу краток период направивме вистински пресврт во јавното здравство.
Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи. Како никогаш досега инвестиравме во инфраструктура, нова медицинска опрема и вложување во човечкиот капитал, стои во постот на Филипче на Фејсбук.
А. Н. С.