Локалните јавни претпријатија во Битола во соработка со граѓаните денеска ги санираат последиците од вчерашното невреме што го погоди овој град.
Градоначалничката Наташа Петровска соопшти дека Општината ќе ги обештети семејствата кои претрпеле голема штета.
Битола вчера беше зафатена од краткотрајно невреме, со пороен дожд, при што голем број населби беа поплавени. Како што соопштија локалните власти во текот на целата ноќ се расчистувале критичните точки на терен, а денеска ќе се прави дезинфекција.
Екипите на битолските јавни претпријатија Водовод, Комуналец, Нискоградба и Паркинзи, заедно со екипите на ТППЕ Битола во координација со претставниците од Дирекцијата за зазштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во текот на ноќта веднаш по обилните дождови реагирале во населбите Карпош, Јени Маале, на влезот во Битола М5 кај бензинската станица на Лук Оил, кружниот тек на Дулие, Горно Оризари, кај училиштето „Тодор Ангелевски“, на ул. „Дебарска“ во населбата Баир и на други локации по повик на граѓаните.
Како изгледа денеска Битола, погледнете од фотографиите што ги објави локалната телевизија Тера.