Носителот на ИЕ 3 на СДСМ и генерален секретар, Љупчо Николовски, при посета на Крива Паланка и Ранковце имаше средби со граѓаните, им се заблагодари за поддршката и нагласи дека истокот ја препознал разликата.
Истокот сјае! Крива Паланка и Ранковце се преубави. Насмеани и со убава мисла го чекаат 15-ти јули, да продолжи развојот и чесниот пат напред.
Се сретнав со доктори, стопанственици, спортисти, земјоделци, луѓе од секој ков. Благодарам за убавите зборови, благодарам за поддршката!
Не е лесно, не ви е ни вам. Секојдневно ве трупаат со лаги и лажни вести, нека им служи на чест!
Истокот препознава разлика. Одиме напред. Продолжуваме. Можеме уште повеќе и уште подобро!, напиша на Фејсбук носителот на ИЕ 3 за СДСМ, Николовски.
А. Н. С.