ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ не смее да каже ни п од правна држава

July 5, 2020 20:23
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ не смее да каже ни п од правна држава, истакна Радмила Шекеринска, носител на листата кандидати за пратеници од коалицијата „Можеме“ на средба со битолските новинари, одговарајќи на прашања врзани со актуелната политичка кампања во државата.

Шекеринска праша зошто нејзиниот противкандидат, носител на листата кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бега од медиуми и отворени прашања.

-Не бегам од камери, не бегам од поставени прашања, а каде е носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски да одговори барем на едно прашање од медиумите, од граѓаните!? Ако ги погледнете дневните агенди на ВМРО-ДПМНЕ ќе воочите дека не кажуваат каде е Дурловски? Ако како битолчанец не знае каде води патот од Битола, што ли ќе каже за регионалните патишта во Струшко или Кичевско. За жал, ВМРО-ДПМНЕ не промени ни точка во своето однесување. Лаги, дезинформации, напади и плукања, изјави Шекеринска.

Сакам да порачам, како што рече, дека како партија покажавме разлика, бидејќи ниту еден од СДСМ не беше над законот, ниту еден случај не беше блокиран, ниту еден кандидат или пратеник од СДСМ не се крие од Судот, ниту еден од нас не бега кога ќе го повикаат во полиција. ВМРО-ДПМЕ треба да одговори на многу прашања, но не смее да каже ни п од правна држава.

– Кога ги слушав дека зборуваат за нула толеранција кон криминалот, мојата реакција беше дека има две нули и една единица пред тие две нули, односно имаат 100 процентна толеранција за криминалот и корупцијата во нивните редови, рече Шекеринска. 

Пред битолските новинари, Шекеринска потсети дека владата на СДСМ ја покани Европската Унија да ги мониторира сите големи случаи на криминал и корупција затоа што, како што рече, нема од што да се плашиме.

 -Нашата обврска беше да го реформираме правосудството, да ги ослободиме Судовите од партиските спреги, видовме зошто се противеле на Законот за јавно обвинителство, односно да им овозможат на луѓето околу нив што ја финансираат нивната кампања да бегаат од правдата. Ние не можеме и не треба да бидеме судии и обвинители, меѓутоа сега судиите и обвинителите немаат ниту малку оправдување ако продолжат да гледаат низ прсти, и одговорност ќе има и за тие судии што ги одолговлекуваат предметите. Ние ја поканивме Европската Унија да ги мониторира сите големи случаи на криминал и корупција затоа што нема од што да се плашиме, а ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не помисли на такво нешто, напротив бегаа од било каков мониторинг и било каква контрола, изјави Шекеринска вечерва во Битола. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk