После вчерашниот вандализам на билбордите и рекламиниот материјал на носителот на ИЕ3, Љупчо Николовски со реакција на Фејсбук.
„Ова е грдото лице на македонската политика. Омраза, штета, насилство. Драги луѓе, ОВА е причината зошто јас влегов во политика!
Ќе се борам до последно ама ваквата политика ќе ја искоренам. Да се натпреваруваме со знаење, да споредуваме концепти, да бидеме умни, убави, паметни момци и девојки кои во заедништво гледаат напред и се тркаат за гласови со квалитет! Не со уцени, закани, списоци и силеџиство!
Од давање пример најдобро се учи. Јас со последниот атом сила се борам да креирам ново лице на македонската политика – чесно, скромно, работливо, домаќинско. Ниту некој ми помогнал, ниту сум нечиј син, ниту ме ставил некој некаде да бранам нечии интереси.
И знаете што? Така е и најслатко. Кога сам ќе створиш сè, сам можеш да носиш и одлуки, онака како што срцето ти кажува.
А мене срцето ми кажува дека кој и да го вандализирал моето име и лице на овој начин, не знаел за ништо подобро. Никој не му покажал поарно и почовечно. Затоа и му простувам. Но и му порачувам – пријателе, омразата остави ја во минатото, долго нè труеја со неа. Гледај напред, гледај во иднината. Убави години доаѓаат. Не си прави мака на душата хранејќи се со црнилата од минатото.“, напиша Николовски.