Снимки од телефонски разговори меѓу носителот на листа на ВМРО ДПМНЕ во 4 ИЕ Игор Јанушев и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески денеска беа објавени на Јутјуб каналот од „Обнова на режимот“.
На новите пет аудио „бомби” се слушаат гласовите на Јанушев и Јанакиески. „Бомбите“ се објавени на Јутјуб каналот “Обнова на режимот”, пренесе А1 он.
Во една од снимките Јанакиевски прашува за некои документи, на што Јанушев му одговара дека средено е се, дека треба да бидат уништени документите.
Во снимките се слуша како тие разговараат за организирање на чартер летови од Тревизо и од Цирих. Соговорниците разговараат за цената на летовите кои ги организираат.
-Игор, вие резервирајте два авиони, ако треба вториот и празен нека биде, вели Јанакиески, а Јанушев му кажува дека тоа се плус 150 илјади евра.
Во снимките се слуша како разговараат за термините кога чартер летовите ќе ги носат и враќаат патниците.
1. Јанучев четири чартер летови за ДПМНЕ е насловот на првата снимка
2. Резервирајте ако треба и празен нека биде.
3. Цени за да ги донеста сабајле, а да ги вратат недела попладне
4. Уништување на документи