ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува „Скопско лето“ со ограничен број посетители и со мерки за заштита

Организаторот соопшти дека музичката програма ги сплотува македонската, ромската и турската популација во нашето поднебје како убав спој на три музички култури во едно и дека ќе ги разбие стереотипите за поделеност.

July 6, 2020 08:39
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со концертот „Скопје во три бои“ вечер од 20.30 часот во Сули ан ќе биде отоврен 41-от фестивал „Скопско лето“, кој традиционално почнува на 21 јуни. Поради пандемијата, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДКУС) ќе ја организира летната манифестација на главниот град согласно со протоколите за организација на јавни настани донесени од Владата.

Бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: носење заштитни маски, мерење телесна температура, одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција, а влезот на публиката во ќе почне половина час пред настанот.

-Согласно протоколите и заради регулирање и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари. Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupipartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар, соопшти ДКУС. 

На вечерашниот концерт  „Скопје во три бои“  во Сули ан ќе настапат: Душко Георгиевски – вокален изведувач и флејта, Ратко Даутовски – ударни инструменти, Емил Адамски – кавал и акустичен бас, Бајса Арифовска – пијано, тамбура, виолина, кларинет и Благоја Алачки – гитара.

Организаторот соопшти дека музичката програма ги сплотува македонската, ромската и турската популација во нашето поднебје како убав спој на три музички култури во едно и дека ќе ги разбие стереотипите за поделеност.

-Кога се мисли на мултиетничката заедница, во прв план се мисли на начинот на кој говорат тие, што носат во себе секој од својата прататковина, како културно и духовно наследство, начин на кој живеат и како придонесуваат во градот или општеството во кое егзистираат. Народниот уметник Македонец ја пее песната на неговиот пријател Ром. Ромот, пак, соживеан со Македонецот го игра неговото право оро, пее и говори на македонски. Турскиот музички мелос, пак, го има и се слуша со вистинско уживање. Така се создаваат овие три бои, со кои се обојува оваа убава слика на еден соживот, културна размена и социјализација, како вредности кои треба да се негуваат, наведуваат од ДКУС.
Утревечер (7 јули) од 20.30 во Сули ан јубилеен концерт ќе има Пламенка Трајковска квинтет. На 8 јули од 20.30 часот концерт ќе одржи триото Ад Либитум“ во Музејот на македонската борба; на 9 јули  онлајн ќе биде промовирана книгата „…Kao ti i ja…/…Како ти и јас…/… Like You And Me…“ – љубовно-патописна поема инспирирана од младоста на Никола Тесла на авторот Тони Манџуковски-Манџук. Промоцијата ќе се одржи со видеопроекција во „Тесла-бар“ од 20.20 часот. В петок (10 јули) од  21 часот во Сули ан на програмата на 41. „Скопско лето“ е  монодрамата „Дневникот на лудиот“ од Гогољ во изведба на Бобан Алексоски и во продукција на Театар „Златен Елец“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Утрински преглед на вести: Кампањата продолжува, Заев - Груевизмот и лажниот патриотизам завршија, ние сме за европска, а ВМРО-ДПМНЕ за режимска иднина, ДУИ да ги остави гласачите сами да одлучат

НАЈНОВО

Старт на тридневната меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“

October 8, 2025
Фото: Скриншот

Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

October 8, 2025

Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн

    Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk