ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народна банка добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019

July 9, 2020 10:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народна банка е добитник на наградата на една од водечките меѓународни деловни банки во Европа, „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери.

Како што соопшти Народна банка, главни критериуми при изборот на добитниците на оваа традиционална годишна награда на „Комерцбанк“ се бројот на обработени трансакции и квалитетот на форматот и структурата на свифт-пораките, во согласност со стандардите на СВИФТ. Оттука, таа претставува и признание за висока усогласеност со меѓународните стандарди на СВИФТ за автоматизирана електронска обработка на прекуграничните комерцијални плаќања и финансиските трансфери без потреба од мануелна интервенција, што придонесува за висока ефикасност при обработката на плаќањата.

– Оваа награда ја одразува и цврстата определба на Народната банка за постојано вложување во ресурси за унапредување на интерните системи со цел да биде во чекор со најновиот технолошки развој во финансиската и особено во платежната сфера, преку веќе воспоставените решенија за електронско банкарство за плаќањата на државата и државните органи, стои во соопштението од Народна банка. 

Во конкуренција за наградата секоја година се голем број институции и компании со коишто „Комерцбанк“ соработува на меѓународно ниво, а се доделува исклучиво на оние коишто имаат достигнато многу високо ниво на квалитет во областа на плаќањата. Соработката меѓу Народната банка и „Комерцбанк“ од Германија е во доменот на извршувањето на платниот промет со странство за државата и државните органи, како и во процесот на порамнување трансакции поврзани со управувањето со девизните резерви, каде што „Комерцбанк“ е кореспондентна банка на Народната банка за прекуграничните плаќања.

– Народната банка и натаму ќе биде посветена на унапредување на квалитетот во сферата на плаќањата и финансиските трансфери, а веќе активно се работи и на нова стратегија за развој на платниот систем, којашто ќе ги дефинира стратешките насоки на дејствување во следните пет години, насочена пред сè кон спроведување на новата законска рамка со која се усогласуваме со регулативната рамка на ЕУ во платежната сфера. Ова ќе даде поттик за зголемување на иновациите, конкуренцијата и дигитализацијата на плаќањата, се вели во соопштението од Народна банка.

Next Post

Нов разговор меѓу Јанакиески и Николоски: Тие 4 згради се на Нефи бандитот, тоа му е дел од договорот за избори

НАЈНОВО

Најголемите кражби на уметнички дела и накит во историјата

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025
Трамп и Путин во Будимпешта

Рускиот специјален претставник на Кремљ, изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk