ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шекеринска: Колекторот за заштита на Охридското Езеро повторно во функција

Санацијата отпочната во декември минатата година е целосно завршена, со средства обезбедени од Владата која целосно ја презеде обврската за репарирање и одржување на системот од исклучителна важност за физичка заштита на Охридското Езеро, изјави министерката Шекеринска при посетата на охридската подружница на Колекторски систем Скопје.

July 9, 2020 13:48
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Колекторот за заштита на Охридското Езеро од денеска повторно е ставен во функција.

Санацијата отпочната во декември минатата година е целосно завршена, со средства обезбедени од Владата која целосно ја презеде обврската за репарирање и одржување на системот од исклучителна важност за физичка заштита на Охридското Езеро. Тоа денеска од Охрид го соопшти министерот за одбрана Радмила Шекеринска и носител на листата во 5 ИЕ на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

– Санацијата на Колекторскиот систем е прашање што 11 години беше ставано под тепих, Охридското Езеро беше заборавено. Ние ја покажавме решеност да го задржиме УНЕСКО статусот на Охрид, демонстриравме решеност да вложуваме во заштитата на животната средина, истакна Шекеринска.

Таа посочи дека власта предводена од СДСМ затекнала ситуација на запуштен систем, затнат бетонски цевковод, со повеќе од 15 неисправни препумпни станици.

– Наместо да ги критикуваме претходниците што ништо не направиле, ние решивме да дејствуваме. Од почетокот на мандатот Владата во целост ги покри долговите во износ од неверојатни седум милиони евра кон ЕВН. Државата целосно ги презеде гаранциите за неплатениот кредит од 280 милиони денар што беа обврска на Охрид и Струга, а дополнително обезбедивме 4,2 милиони евра за целосна санација на Колекторскиот систем. Таа санација за спас на езерото успешно е реализирана, рече Шекеринска.

Со санацијата се прочистени километри од цевководот, инсталиран е внатрешен слој на три километри цевки на најкритичните делови од системот, а целосно се репарирани се 18 препумпни станици, вклучувајќи ја и влезната пумпа во пречистителната станица. Според податоците, од критичните точки на системот во езерото и во Црн Дрим дневно се излевале осум илјади метри кубни фекалии.

Шекеринска уште потсети и на активностите што се спроведуваат за ослободување на крајбрежјето на езерото од дивоградби.

– Ние ставивме точка на таквото однесување, покажавме дека грижата кон нашето национално богатство нема алтернатива, рече Шекеринска.

Во рамки на денешната посета на Охрид таа оствари средба и со раководството на Хидробиолошкиот завод, како и со управата на охридски „Жито леб“./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Алиу: Дигитална трансформација, нова апликација и децентрализација на онколошките услуги

July 26, 2025

Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

July 26, 2025

Големи пожари на најмалку пет различни локација во цела Грција

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk