ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Стерјовски побара од Владата во Тирана да ги спроведе препораките на Народниот правобранител за малцинствата

July 9, 2020 18:45
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски на денешната пленарна седница позитивно го оцени извештајот за работата на Народниот правобранител за минатата година.

Според него Народниот правобранител е најголема институција за човекови права во Албанија и игра активна улога во подигање на свеста за правата на малцинствата.

-Анализирајќи го годишниот извештај на Народниот правобранител за 2019 година, позитивно ја оценуваме анализата во однос на состојбата за тоа каде сме денес во однос на почитување на правата на малцинствата и какви конкретни мерки треба да преземат надлежните органи за подобрување на правата на малцинства, рече Стерјовски.

Посочи дека со цел целосно да се гарантираат правата на малцинствата во Албанија и да се завршат процесите на интеграција, Владата мора што побрзо да рефлектира и да ги спроведе препораките на Народниот правобранител.

-Тоа секако во врска со носењето на подзаконски акти за спроведување на Законот за националните малцинства во Република Албанија, вистинска интеграција на малцинствата на централно и локално ниво, ратификација на Европската повелба за регионални или малцински јазици и организирање нов попис што треба да се спроведе врз основа на најдобрите меѓународни стандарди, нагласи Стерјовски.

Според него Народниот правобранител треба да биде што е можно поблиску до малцинствата и најмалку еднаш годишно да организира отворени денови во областите каде живеат.

-Да ја зголеми соработката со здруженијата што ги претставуваат малцинствата, да организира годишни конференции за да ги анализира правата на малцинствата и да се зголемат капацитетите на институцијата. Повеќе од неопходно е од државниот буџет да се финансира вработувања на по еден член од секое малцинство во нашата земја кои ќе бидат во директен контакт со членовите на малцинствата, побара тој.

Стерјовски смета дека Народниот правобранител треба систематски да ја следи имплементацијата на препораките упатени во однос на почитувањето на правата на малцинствата од страна на институциите на централно и локално ниво и периодично да известува до Собранието за наодите и содветните предлози за решавање на идентификуваните проблеми.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

June 29, 2025

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

June 29, 2025

Ѓоковиќ вели дека се чувствува добро пред стартот на Вимблдон, Алкараз полн со самодоверба

June 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервјуто на Џабир Дерала за украинската агенција „Укринформ“ со силен одек во албанските медиуми во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk