Последни четири дена од изборната кампања.
На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција.
Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи.
Се намалува бројот на пациенти во болниците, нема рестриктивни мерки по изборите.
Заев од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ гази врз македонистот Конески, а го величи Тодор Александров.
– На сите ни играше срцето кога го кревавме македонското знаме во Брисел.
– Ги вративме старите долгови, ги зголемивме сите плати, има пари во државата.
Спасовски: Пред 4 години не смееше да се зборува, денес има слобода, членка сме на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ.
Шекеринска: Изјавата на Меркел е потврда дека сме на прав пат и можеме.
Шахпаска: Вработивме 780 лекари и 1000 медицински сестри, продолжуваме со покачување на пензиите.
Уставен суд поведе постапка за уредбата за градежно земјиште која се однесува на плажите.
ПЦР тест за влез во земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ.
Протести и во Нови Сад, напад врз полицијата, обиена зградата на РТВ Војводина.
– Најмалку 20 српски полицајци удираа со пендреци по момче кое лежи на земја (ВИДЕО)
– Протести и во други градови низ Србија, блокирани улиците во Ниш, Крагуевац и Нови Сад.
Речиси 1.900 неправилности во сместувањето работници во секторот преработка на месо во Германија.
Времето денес сончево и топло до 33 степени, од недела пад на температурите.
A. Н. С.