ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Еврејската заедница реагира на нејзино инволвирање во изборната кампања преку политички спотови

July 10, 2020 22:52
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Еврејската заедница денеска преку соопштение реагира на, како што велат оттаму, нејзино инволвирање во политичка кампања преку рекламни спотови на политички партии.

-Во изборната кампања која е во тек, се појавија рекламни спотови на политички партии кои ја инволвираат Еврејска заедница  во политичка кампања, злоупотребувајќи ја историја на Евреите во државава, задираат во суверените права и интимата загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија како една од петте признаени верски заедници. Еврејската верска заедница е непартиска и неполичка заедница која се грижи и го негува во континуитетот верскиот живот, традицијата и обичаите на Евреите кои повеќе од два милениума живеат на овие простори. Суверено право на секој граѓанин е да биде активен политички чинител, да гласа и да биде избран, но истакнуваме дека Еврејската заедница и еврејското наследство во Република Северна Македонија не смее и не може да биде никогаш дел од ничии политички кампањи ниту пак рекламерски патриотизам, се вели во соопштението од Еврејската заедница.

Патриотизам, додаваат од Еврејската заедница, е почит, лојалност, посветност и љубов кон сопствената држава и сопствениот народ, да се работи за доброто на сите, притоа, разбирајки ги заложбите и вољата и на најмалите заедници. Членовите на Еврејската заедница се со општо инклузивен и демократски ков, лојални граѓани на земјава и почитувачи на сите нејзини етникуми.

-Факт се бројните жртви кои се дадени за оваа наша татковина за време на НОБ, како и пожртвуваноста на преживеаните од уништувачката војна и сите други историски предизвици. Малуборјни, без никој свој, без дом останаа во своето гнездо и како и отсегогаш заедно со своите сограѓани ја идигнаа од пепел својата заедница и својата Македонија, сочувувајки ја и обновувајки ја еврејската вера, традиција и култура. Потенцираме дека останаа тука, не заминаа надвор од државата и со гордост себе се нарекуваа и се нарекуваме македонски Евреи. Со жалење можеме да констатираме дека одредени политички субјекти, невладини организации, државни претставници и институции како и индивидуи не само што не ги почитуваат ставовите и мислењата на Еврејската заедница туку работат против нејзините интереси без притоа да се консултираат и ги слушнат аргументите, велат од Еврејската заедница.

Со години наназад, Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, се посочува во соопштението, максимално вложуваат во зачувување на најстарите Сефардски гробишта на Балканот, кои потекнуваат од 1497 година. Освен за еврејските гробишта во Битола, подеднакво се води грижа и за еврејските гробишта во Скопје и во Штип. Тие беа, се и ќе бидат свето место за македонските Евреи, наш верски, културен и национален аманет.

-Во однос на предходното, ги потсетуваме сите самонаречени, знајни и незнајни добронамерници и доброчинители дека за човештвото гробовите се место за почит и вечен мир. Не допуштаме било каков вид на инструментализации на нашите вечни почивалишта од страна на политички субјекти, интересовни групи, невладини организации, владини институции, сегашни и идни пратеници и можни функционери,
како и амбасадори на странски држави акредитирани во Република Северна Македонија, поединци и подржувачи од земјата и странство. Нашите Еврејски гробишта во Битола не се повод за самопромовирање на поединци и организации ниту простор за бизарна промоција на гробиштата како туристичка атракција и спектакл. Во едно демократско, мултиетничко и мултиконфесионално општество, какво што е Северна Македонија ваквото однесување е недозволиво. Спротивно на ова, истакнуваме дека Еврејската заедница секогаш била, е и ќе биде благодарна на сечија подадена рака за партнерска соработка и ќе возврати со почит, се вели во сооптението од Еврејската заедница на Република Македонија./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев во Карпош: Правиот пат значи ЕУ и НАТО, грижа за сите, заштита од КОВИД – 19, економски раст и повеќе пари за секој

НАЈНОВО

Кина гради џиновски ветерни турбини отпорни на тајфуни

October 8, 2025

Пораст на златото за 54% од почетокот на годината

October 8, 2025

Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk