Во снимка објавена на Јутјуб, именувана како „Антонио во ново кривично дело сообраќајка“ се слуша разговор меѓу кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска кои договараат да се преврти камион со песок во близина на Кичево, за да ги задржат патниците кои слетуваат од странство на охридскиот аеродром. Милошоски се согласува со идејата и дополнително предложува доколку е можно патниците да се задржат и од страна на цариснките службеници со цел да помине повеќе време, пренесува А1 он.
– Значи му реков и на Миле, мислам дека ќе контактира он со Илија, најарно е некој камион да се преврти со песок и да се блокира патот, Гордана јанкуловска кон Милошоски. Милошоски врача: Може тоа…
По она што го слушаме, за истата фингирана сообраќања незгода, претходно разговарале и носителот во изборна единица четири, Александар Николоски и ексминистерот за транспорт, Миле Јанакиески, каде се споменуваше и дека е зборувано со Гордана Јанкулоска а зборуваа за гласачи Албанци на кои не треба да им се дозволи да стигнат и гласаат..