Носителот на листата со кандидати за пратеници во ИЕ6 од политичката партија Демократи, Изет Зејнеловиќ, заедно со останатите кандидати за пратеници, во Тетово на граѓаните им ја претстави визијата на партијата за раководење со државните институции.
– Демократи ќе забранат партиски вработувања, ќе дозволиме само професионалци да ја водат државата и народот да управува со својата држава. Демократи нема да владеат, туку ќе менаџираат со државата и затоа ќе правиме ревизија во сите институции во државата, истакна Зејнеловиќ.
Тој истакна дека 15 – ти јули е последна шанса и нема веќе време за други грешки. /МИА/