Во вторникот до СДСМ бил доставен материјал, во кој како што е наведено од професор на машинскиот факултет, на кој се гледа дека доцент Мицковски и неговиот татко професор Мицкоски покрај тоа што се еклатантен пример за непотизам биле и извршители на договори за работа како ревиденти и консултанти за тендер и проекти во државната компанија ЕЛЕМ, изјави денеска претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски.
-На самиот крај од кампањата за парламентарните избори 2020, сакаме да ја информираме јавноста за две теми кои се поврзани директно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече тој.
-Секако тоа не го правеле про-боно, туку фактурирано и наплатено. (во прилог се сумите: 105.020 ; 38.232 ; 32.400 ; 207. 680 денари.) Ова не е ниту морално ниту етички. Покрај директорувањето во ЕЛЕМ, сопственоста на хидроелектрани, фамилијата Мицковски – клан од Машинскиот факултет биле ангажирани за извештаи, евалуација на понуди и тендери од државната ЕЛЕМ, додава Андреевски.
Вели дека додека сите функционери на СДСМ го ставаат на увид секој потрошен денар, транспарентно и отчетно, Мицкоски секоја вечер зборувал за идна проверка на имот на политичари.
-Е ама тој нема анкетен лист, нема доставено ниту до јавноста, ниту до антикорупциска. Нема јавно достапни информации за кои е нормално да има за лидер на опозиција, што има од имот овде во републиката и надвор од неа, тој и неговото семејство. Колку и како заработувал во минатото и денес? Затоа на 15 јули излезете и гласајте, не дозволувајте да се вратат злоупотребите од Груевски, Мицкоски и нивните фамилии, додаде Андреевски.