„Овој собир не е за да покажеме колку е силна Беса во Тетово, за тоа нема дискусија. Овој собир е за да се даде одговор на прашањето зошто не, а зошто ДУИ во опозиција“, истакна шефот на изборниот штаб на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.
„Додека ние зборуваме за животен стандард, тие зборуваат за историја и фолклор. Не заборавајтре, последен што зборуваше за историја беше Никола Груевски, а знаеме каде тој заврши“, посочи Хоџа.
Хоџа ја коментираше и идејата за премиер Албанец.
„18 години не успеаја да изградат кадар за премиер, па го најдоа оној што ја заврши кариерата во политиката тогаш кога се појави ДУИ“, забележа Хоџа Ова е историска шанса преку полно партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други заедници да ја изградиме иднината, индината младите да ја најдат тука“ порача Хоџа. На собирот беше прочитано и поддршка од Сојузот на албанската дијаспора. Правото на глас е уставно право. Излезете и гласајте за Беса, ќе се факторизира за решавање на проблемите на Албанците оставени настрана со години“, се вели во писмото Сојузот на албанската дијаспора.
Кастриот Реџепи пак, генералниот секретат на БЕСА рече: Луѓето со договори нема да се држат како заложници за избори, никој нема да биде дискриминиран, сите ќе имаат можност да напредуваат.
„Вработувањата се клучни, ќе се обидеме да ги решиме проблемите со луѓето на привремени договори, кои се држат така со години како заложници за избори. Никој нема да биде дискриминиран, сите ќе имааат можност да напредуваат“, истакна генералниот секретар на Беса, Кастриот Реџепи, од централниот собир во Тетово.
Имаме 4 постигнувања ви нашето досие, иако како опозиција, со уставните измени. Ова е доказ дека ќе ве претставуваме достоинствено и дека го остваруваме тоа што го ветуваме“, порача генералниот секретар на БЕСА, Реџепи.
На собирот беше прочитано и писмо на поддршка од Сојузот на албанската дијаспора.
„Правото на глас е уставно право. Излезете и гласајте за Беса, ќе се факторизира за решавање на проблемите на Албанците оставени настрана со години“, се вели во писмото од Сојузот на албанската дијаспора.