ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис: Грција најкатегорично ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија

July 11, 2020 09:05
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грција на најкатегоричен начин ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија, изјави  грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а со реакции излегоа и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, но и останатите опозициски партии во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, освен што изразува осуда од грчка страна, вели дека оваа одлука влијае на односите на Турција не само со Грција, туку и со ЕУ, со  УНЕСКО и со светската заедница во целост.

– Оваа одлука и секако 85 години по прогласувањето за музеј, го навредува екуменскиот карактер. Станува збор за избор што ги навредува сите оние кои го признаваат споменикот, како дел од светското културно наследство и секако влијае, не само на односите на Турција со Грција, туку и на нејзините односи со Европската Унија, со УНЕСКО и со светската заедница во целост. Жално е што турското раководство, кое во 2005 година работеше за Алијанса на цивилизациите, денес одбира да се движи во комплетно спротивна насока, истакнува грчкиот премиер.

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу вели дека Света Софија е споменик со екуменски карактер, кој „припаѓа на човештвото и на светското културно наследство“ и е „симбол е на православието и на целиот христијански свет“.

– Одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија директно го навредува нашето историско сеќавање, непоправливо ги поткопува вредностите на толеранцијата и меѓуверскиот дијалог и предизвикува сериозна штета на нејзините односи со Грција, Европската унија и меѓународната заедница, истакна Сакеларопулу.

Поранешниот грчки премиер, а сега лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, меѓу другото, порачува дека Владата има должност да го покрене конкретното прашање на меѓународно ниво.

– Одлуката на претседателот на Турција, да ја претвори во џамија, Света Софија, уникатниот  споменик на светското културно наследство со големо историско и духовно значење за христијанството, претставува сериозна провокација што го поткопува меѓуверскиот дијалог и флагрантно ги прекршува универзалните вредности, кои денес се неопходни повеќе од било кога. Меѓународната заедница е должна решително да се справи со овие активности, а Владата има должност да го покрене прашањето на меѓународно ниво, посочи Ципрас.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Вучиќ паѓа, и ние со него?!

June 30, 2025

Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

June 30, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Владата на Мицкоски ѝ донесе на државата „модерeн“ македонски јазик – СДСМ со „црвени линии“!

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски Модернио

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk