Американскиот претседател Доналд Трамп посети воена болница во предградието на Вашингтон и за првпат во јавност носеше заштитна маска поради пандемијата на коронавирусот.
Пред само неколку дена, претседателот на САД рече дека „не ги слуша неговите експерти“ и јавно го критикуваше највлијателниот експерт во штабот на Белата куќа за борба против коронавирусот, Ентони Фаучи.
– Кога сте во болница, мислам дека се очекува да носите маска, изјави тој при излегувањето од Белата куќа.
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во САД, во која до сега се заразени повеќе од 3,2 милиони Американци, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите за носење маска во јавност.