ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски и Филипче со здравствените работници: На 15 јули излезете на гласање и изберете сигурно здравство

July 12, 2020 20:25
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче имаа средба ова попладне со здравтствени работници во Куманово.

-Повеќе ниту еден лекар не сака да си оди од државата, знаат луѓето дека се платени, дека се ценети и почитувани и тоа е најважната реформа во здравството на којашто сме горди и којашто ќе повлече многу други унапредувања и успеси во здравството, рече Спасовски.

Тој нагласи дека е планирано да се зголемат платите на лекарите уште 40 отсто во следниот четиригодишен мандат.

-Мораме да продолжиме да инвестираме, посебно во здравството, полицијата, пожарникарските служби, во сите оние кои се први во реакцијата во ситуација на кризи и од чија спремност зависи доброто на граѓаните и на целото општество. Тука во Куманово, вложивме во Ургентер центар од 900.000 евра, а планираме да ја гасифицираме болницата. Ние домаќински ги насочуваме парите на граѓаните, за да бидат поркиени нивните потреби, а не како режимот што повикува на поддршка да биде обновен, што го сруши до пепел здарвството и го интересираат само тендери за да крадат, додаде тој.

Истакна дека на докажаните херои во здравството на 15 јули ќе им биде доверена довербата за сигурно здравје или „на неодговорни политичари истурена рака на Груевски, како Мицкоски и соработниците кои блокираат проекти за пари од Светска банка за вложувања во здравството“. ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој е опасност, СДСМ е сигурност,  да излеземе на гласање на 15 јули и да гласаме за број 3“.

-Сите членови на здравствeниот систем херојски се справуваат со оваа криза. Тие се хероите на нашето време. Се покажа дека навремената интервенција даде резултати.

Ние секое ветување дадено кон здравствените работници го исполнивме. Најмногу вложивме во човечкиот капацитет на здравствениот систем и само заради тоа успешно се справуваме со коронакризата. Во три години, здравствените работници имаа три покачувања, платата на медицинските работници никогаш не била повеќе качена и никогаш поголема од сега. Продолжуваме да вложуваме во човечките потенцијали и да ги подобруваме условите за работа на лекарите и за третман на пациентите, рече претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче во Куманово.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

фото: МИА

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

June 18, 2025

(ВИДЕО) Анастасија и Трн.мк со ‘Хаотична’ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

June 18, 2025

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нано Ружин

    Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk