ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Бројни случаи на кршење на изборниот молк, говор на омразата и непочитување на мерките за заштита (ВИДЕО)

Регистрирани се 27 спонзорирани содржини со политичка реклама на Фејсбук од шест политички партии до 10 часот утрово. Во моментот на затворање на извештајот во 12:30 часот, се констатира дека преостанале содржините на уште пет политички партии со политичка реклама на Фејсбук. Според експертите со кои се консултира ЦИВИЛ, ова е недозволена и противзаконска активност на политичките партии.

July 13, 2020 17:21
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ издаде соопштение врз основа на извештаите од набљудувањето на изборниот процес, обработени до 12:30 часот денеска. Според соопштението, набљудувачите на ЦИВИЛ веќе од почетокот на изборниот молк на полноќ, бележат бројни случаи на кршење на изборниот молк.

Некои содржини на социјалните мрежи кои ги објавуваат политичките партии се вешто заобиколување на правилата за изборен молк и формално можеби не го кршат Изборниот законик, но може да се протолкуваат и како пропагандна активност, истакна Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во првото видео обраќање во тридневниот избирачки процес.

Мониторингот бележи еден случај на пропагандна активност на одредена партија во општина во источниот регион, каде што, иако не е директна пропаганда на социјалните мрежи, се работи за мал партиски собир на јавно место, што е спротивно на принципите за почитување на изборниот молк. Притоа, забележливо е дека присутните не се придржуваат кон мерките за заштита од коронавирусот.

Дистрибуција на флаери од една политичка партија во изборен молк се бележи во центарот на Скопје. Сѐ уште се обработуваат извештаите од другите делови на земјата.

Регистрирани се 27 спонзорирани содржини со политичка реклама на Фејсбук од шест политички партии до 10 часот утрово. Во моментот на затворање на извештајот во 12:30 часот, се констатира дека преостанале содржините на уште пет политички партии со политичка реклама на Фејсбук. Според експертите со кои се консултира ЦИВИЛ, ова е недозволена и противзаконска активност на политичките партии.

Се бележи една спонзорирана содржина од политичка партија на онлајн играта Спајдер во време на изборен молк.

Една политичка партија објави видео со политички пропагандни пораки еден час по полноќ, откако настапи изборниот молк. Истата партија во моментов има три спонзорирани содржини, според мониторингот на ЦИВИЛ.

Напоменувам дека бројките што ги соопштува ЦИВИЛ се однесуваат на случаи до кои дошле набљудувачите на организацијата, но бројот на случаи, секако, може да биде и повисок, напомена Дерала во своето видео обраќање.

Две Фејсбук страници, блиски до одредена политичка партија, објавуваат пропагандни содржини во изборен молк.

Висок претставник на една политичка партија даде интервју кое се емитуваше во живо и на социјалните мрежи во 11 часот денеска, во кое не се воздржуваше од политички пораки и споменување на политичките партии и нивните претставници. Тоа е активност која е спротивна на Законот.

Една политичка партија делеше заштитни маски со лого на партијата, односно со редниот број на гласачкото ливче во близина на плоштадот Скендер-бег во 11 часот.

Говор на омраза и лажни вести се бележат и на Фејсбук страницата на едно медиумски експонирано лице, блиско до одредена политичка партија.

Во периодот на изборниот молк, еден час по полноќ, се бележи и една објава со говор на омразата кон ЦИВИЛ и кон претставници на организацијата врз етничка и политичка основа. Во објавата на Фејсбук страницата веќе подолго време позната како извор на лажни вести и говор на омраза, имаше и голем број сериозни закани до организацијата и до животот на луѓето поврзани со неа. Објавата беше симната откако беше онлајн околу 10 или 11 часа, односно, при проверката во 10 часот утринава, таа објава веќе ја немаше.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ на македонски и албански јазик редовно објавува информации од мониторингот на организацијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бурна реакција по судската одлука во случајот Мицскоски – Дерала

June 19, 2025
Фото: МИА

Розман: Македонија со Словенија и Србија ќе се кандидира за домаќин на ЕП во ракомет 2034

June 19, 2025

Промоција на книгата „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk