Градскиот татко, Петре Шилегов, во пост на Фејсбук го најави скорото отварање на новиот стационар за улични животни „Лајка“ на кој се работеше изминатиот период.
Со капацитети поголеми од досегашното нехумано „Вардариште“, во „Лајка“ ќе има ѕидани соби за кучињата, со греење и вентилација по пропишани стандарди.
Во надворешниот дел просторот ќе биде искористен за 60 „боксови“ за поголеми раси кучиња.
Во големиот двор кој го има објектот предвиден е и парк за кучињата.
А. Н. С.