ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини

July 13, 2020 11:07
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалниците на 16 општини во земјава го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови.

Од Министерството за здравство соопштија дека овие активности се одвиваат во рамки на подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на коронавирусот, а целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, без при тоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.

Станува број за дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени Ковид центри.

На 10 јули на иницијатива на министерот за здравство Венко Филипче, а со поддршка на Заедницата на единиците на локални самоуправи (ЗЕЛС), преку електронска платформа, се одржа работен состанок со градоначалниците на општините Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп. Инфраструктурните барања се тесно поврзани со персоналот, опремата и ресурсите, и доколку истите не се стават во фокусот, тие можат да се појават како клучен ограничувачки фактор, посочуваат од Министерството.

Во таа смисла, како што се потенцира, стратешката координација, проактивното планирање, проценката на опциите и приоретизацијата се клучни во борбата со коронавирусот.

-Од страна на присутните градоначалници беше поздравена иницијативата на Министерството и беше прифатен ваквиот пристап на координација. Тие ја својата изразија подготвеност, ја истакнаа својата безрезервна поддршка и се согласија дека ќе ги стават сите свои капацитети на располагање, во рамките на нивните ингеренции. Активностите за подготовка за евентуален есенски бран на Ковид-19 продолжуваат на 14 јули, кога Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести организираат состанок со директорите на болниците во овие градови, во однос на  здравствените капацитети и техничките потреби за да се подготви соодветен навремен одговор на евентуалниот есенски бран на Ковид-19 во земјава, стои во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотографија: Совет на Европа

Зеленски во Советот на Европа потпиша договор за формирање на специјален суд за Украина

June 26, 2025

Многу топло време и утре, освежување од сабота

June 26, 2025

Министерот Муцунски во Хаг учествуваше на настан за анализа на клучните одлуки донесени на Самитот на НАТО

June 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ фатен со рацете во медот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Нешто непознато“ го погоди клучниот руски објект за беспилотни летала во Таганрог во бранот напади на украински дронови во повеќе региони на Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Предавство“ – Трамп, Хегсет и Виткоф за протекувањето на разузнавачки информации што ги поткопaа нападите врз иранските нуклеарни постројки, инсистирaат дека тие се „збришани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и тужбата против Џабир Дерала: Случај што го разгорува прашањето за слободата на медиумите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНРиНД: Во Конзулатот во Солун пријавено дека 19-годишен македонски државјанин починал во Ханиоти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk