ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Зелена лупа“ поднесе иницијатива за одговорност на тројца судии од Апелацискиот суд

July 13, 2020 13:57
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението „Зелена лупа“ до Републичкиот Судски совет денеска поднесе три иницијативи за покренување постапка за одговорност на судии од Апелацискиот суд за неодговорно и несовесно работење.

Овие иницијативи се однесуваат на судиите од Апелацискиот суд, поточно на Гордана Ѓорчева како претседател на Советот на Апелација и Радица Василевска и Фатмир Скендер како членови на Советот.

Според извршниот директор на здружението, Васко Тодорoвски, овие судии со прекршување на законот и на своите службени овластувања нанеле голема штета на доверители, со тоа што истите не го почитувале Законот за спорт, не го почитувале Законот за извршување како и Законот за трговски друштва, а со своите незаконити влијанија нанеле голема штета и на одредана група на доверители врзани од Законот за спорт.

-Конкретно овој предмет се однесува на случајот на фудбалерот Срѓан Захариевски против фудбалскиот клуб „Силекс“ – Кратово. Се работи за оштета од 300 илјади евра каде што фудбалерот со договор потпишан од Клубот за направен трансфер не можел да ги добие овие средства а истите ги искористил фудбалскиот клуб „Силекс“. Ова е само еден случај, вакви случаеви има во повеќе клубови во фудбалскиот клуб „Вардар“, во кошаркарскиот клуб МЗТ, и во многу други клубови, истакна Тодоровски на денешната прес-конференција.

Тодоровски рече дека неправдата во судството што го нападна нашиот правосуден систем, единствено може да се искорени со разрешување на судии. Со самото разрешување на судии, појаснува, треба да дојде до прочистување на судството од судии кои не работат согласно законот и кои отстапуваат од свои службени овластувања.

Покрај поднесувањето на овие иницијативи до Судскиот совет, здружението „Зелена лупа“ информира дека ќе поднесе и кривични пријави до Основното јавно обвинителство, бидејќи според Здружението, овие судии искористувајќи ја службената положба и овластување на сопствениците на спортските клубови им овозможиле материјални добра со незаконско избегнување на постоечките обврски на штета на доверителите.

-Се работи за случај каде што со Законот од 2011 год беа изневерени повеќе доверители. Тогашната влада им овозможи на свои блиски бизнисмени да се стекнат со право на сопственост на клубовите кои се трансформираа во акционерски друштва без да вложат ниту еден денар притоа да користат средства од друг Закон кој што е врзан за спонзорирање и со тоа да нанесат штета на голем број на спортисти од фудал, ракомет, кошарка. „Зелена лупа“ има добиено и поднесоци од уште триесетина други предмети на оштетени страни каде се работи за кривични и за граѓански предмети, додаде Тодоровски.

Тој појаснува дека во овие предмети се сомнева дека судиите кои постапувале предметите им биле дадени на рака со намера да судат тенденциозно во штета на доверители.

Во минатото, од поднесените иницијативи на Здружението, биле разрешени тројца судии од Врховен суд, меѓу кои и поранешниот претседател Врховен суд, Јово Вангеловски како и судиите од Врховен суд Рахилка Стојковска и Ристо Катавеновски./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Гласањето на болните од Ковид-19 досега без проблеми

НАЈНОВО

Кина гради џиновски ветерни турбини отпорни на тајфуни

October 8, 2025

Пораст на златото за 54% од почетокот на годината

October 8, 2025

Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk