Последен кој го кажа својот став за заштитните маски е британскиот уличен уметник Бенкси, со неговиот типично разигран стил: повеќе графити со шаблони од неговите препознатливи стаорци се најдоа в кабина на еден од возовите во лондонското метро, пишува Гардијан.
Стаорците се претставени како се борат со идејата за носење маски.
Во видео кое го објави уметникот на Инстаграм, тој облечен како хигиеничар влегува во еден од вагоните и ги прави графитите со стаорци што користат заштитни маски како падобранец, распрскуваат средство за дезинфекција и киваат.
А. Н. С.