Во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19.
Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, од Тетово, од Охрид и еден пациент од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 79.392 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.332, бројката на оздравени пациенти е 4.468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.475.