Дали изјавата на Никола Груевски дека нема повеќе да се занимава со политика, дадена на три дена пред изборите, е инспирирана од содржината на еден предизборен билборд на кој беше напишано дека секој треба да гласа, а доколку не гласа му отвора шанса на Груевски да се врати на власт.
Соочен со вистината, а знаејќи дека и носи негативни поени на својата партија, виде прилика како да ја амортизира реалноста и објави дека повеќе нема да се занимава со политика преку интервју за германски весник, што би значело дека не би дошол на власт. Со ова, тој сепак и помага на партијата што потврдува дека се грижи за тоа што го оставил зад себе, но и дека не му е сеедно ако неговите ги изгубат изборите. Така може да се изгуби и партијата оти е во милионски долгови, а на глава и висат и судски процеси за финансиски криминал. И пострашното, да се распадне Белата Палата во која тој го вложи целиот криминален капитал.
Толку се длабоки трагите од криминалното и фанатично владеење на Груевски, а се уште се свежи сеќавањата на украдените избори и човечки судбини, што тој се доведе во ситуација да се натера самиот да и соопшти на јавноста дека повеќе нема да биде дел од политиката, па така му внесе мир и спокој на македонскиот народ дека тој повеќе нема намера да брца во неговите џебови и нема да го осиромашува и понижува.
Но, Груевски заборави да ја дополни изјавата дека неговиот наследник ќе ја финишира неговата мисија, само ако му се даде шанса. Оти вистината е таа, и до сега Груевски официјално не се занимаваше со политика, откако избега од правдата во Будимпешта, но влијаеше со пари и одлуки во партијата. Што значи сепак се занимавал, ама на друго ниво. Тоа ќе остане така уште долго, нема да се промени и покрај тоа што Груевски така изјавува. А, кој после се му верува на Груевски? Дури ни билбордот. Па затоа уште еднаш алармира дека ако не гласаш даваш шанса на режим. А синоним на режимот е Груевски.
Д.Е.